Дали уништувањето на мафиите од Грчец и Беланоца е причина за натрупаните тони марихуана во плантажите на лица блиски до СДС и нивниот вистински лидер?
Ова логично прашање неминовно се поставува по заплената на 40-на тони канабис, заплена која според премиерот Мицкоски, може да достигне и до неверојатни 100 тони. Претходната власт беше поврзана со овие мафии, за што сведочи и апсењето на прилепскиот командир Чипсио кој ги известувал мафијашите за акциите на МВР, лик близок до Заев и Спасовски, со многу документирани слики од нивните чести средби.
Логиката е едноставна, а оваа се’ уште само теорија и причинско-последична претпоставка, ја отворија безбедносниот експерт Воислав зафировски и новинарот Љупчо Цветановски во најновото издание на „За или против“. Се потекна од небулозното однесување на СДС, која се заплетка со спомнувањето на ДЕА, агенција која во нивно време правеше соло акции, токму и само поради поврзаноста на врхушката на власта на СДС/ДУИ со нарко-мафијата.
„Целата таа прикаска која ја кажуваат им ги плетка нозете и се сопнуваат. Овде нема ништо што оваа земја, овој народ, не знаат. Знаат се’. Знаат и дека човек од кабинетот на Спасовски беше тој што ги известил таму (нарко-мафијата), знаат многу работи за поврзаноста на клановите во Република Македонија со луѓе од врвот на СДСМ, меѓутоа немоќни се нешто да променат. Зошто? Затоа што немаше полтичка волја и политички интерес да се спровде истрага против овие два клана. Немаше политичка волја,“ потенцира Зафировски.
Дали тука „лежи зајакот“, запраша новинарот Цветановски, токму во фактот што мафијата од Грчец и од Гази Баба беше надалеку позната по дистрибуција на дрога во Македонија и Балканот, односно дали Владата на Мицкоски им направи проблем на „плантажерите“ со марихуана поврзани со врхушката на СДС, со самото тоа што во една голема акција пред околу една година ги испозатвори мафијашите од Грчец и Беланоца? Дали со ова власта директно ја урна и „дистрибуцијата“ на нелегално произведената марихуана која се трупала, гомилала и напластувала по плантажите, затоа што немало кој да ја дитрибуира како во минатото, кога на власт беше СДС? Па, затечени со огромно количество, се обиделе на своја рака како „неискусни дистрибутери“ (читај дилери) да ја продаваат и народски кажано „награбусиле“ со 5-те тона во Србија?
„Точно така, говоревме за тоа колку е волуменски голема таа заплена на 40-те тони марихуана, по габарит, па може да претпоставите приватници или случајни дилери во домашни услови да ја произведуваат. 40 тона! Тоа бара многу магацини, невозможно е тоа некој друг да го прави, освен оние луѓе кои имаат лиценца за тоа. Но забораваат едно, лиценцата им е за медициснки канабис, не и за канабис за црниот пазар, кој е многу попрофитабилен од медицинскиот.
Со други зборови, СДСМ со вакви изјави се сопнува од својата опашка, од својата марихуана по глава“, констатира безбедносниот експерт во интервјуто за ТВ Алфа.