Владата скрои новогодишната кошничка што ќе им ја збогати празничната трпеза на граѓаните. Дефиниран е списокот со производи и цени, пренесе ТВ АЛФА. Премиерот Христијан Мицскоски е задоволен од резултатите што ги даде есенската, а во пресрет на зимата најави и нова кошничка со која граѓаните повторно ќе ги почуствуваат ефектите. Мицкоски жали што опозицијата неосновано критикува бидејќи бројките и резултатите не кореспондираат со лагите на сдсм за екектот од намалените цени со мерката есенска кошничка.
По џебот на граѓаните не удираат само високите цени на производите. Пред стартот на зимата којашто се најавува дека ќе биде предизвикувачка со ниски температури, премиерот е оптимист дека нема да има поскапување на електричната енергија. Тој најави за средината на следната недела позитивни вести во однос на снабдувањето и стабилноста на енергетскиот сектор во земјава.
Дополнително премиерот најави и продолжување на уште една мерка. Ваучерите за инвертер климите за граѓаните ќе бидат достапни и следната година. Изминативе денови Владата додели над шест илјади ваучери или околу 155 милиони денари за енергетска ефикасност, но и за социјално-ранливи потрошувачи. Доделените ваучери имаат вредност од 23 или 25 илјади денари за енергетска ефикасност и од 27 до 30 илјади за ранливите групи потрошувачи.