Владата преку социјалните мрежи информира дека завршена е изградбата на улицата „Живко Чинго“, крак 1 во Општина Свети Николе.
Како што посочуваат, со ова се унапредува локалната патна инфраструктура и се подобрува сообраќајната поврзаност во овој дел од општината.
-Со новата улица се обезбедува побезбедно и поефикасно движење, уреден пристап до домовите и подобрено секојдневно функционирање на жителите, создавајќи современа и безбедна урбана средина. Проекти за трајна промена – темели за сигурна иднина, информираат од Владата.