Македонија Владата е отворена за постигнување на договор

Влада: Протестите се малициозни и политички мотивирани, платите не се високи, но можностите се лимитирани

Влада: Протестите се малициозни и политички мотивирани, платите не се високи, но можностите се лимитирани

Протестите се малициозни и политички мотивирани, платите не се високи, но и можностите на буџетот се лимитирани. Протестите не се најдобриот начин на комуникација, Владата е отворена за постигнување на договор со сите синдикални организации преку дијалог. Секој предлог или сугестија од синдикатите се дискутира, се со цел да се изнајде решение прифатливо и во интерес на граѓаните, велат од Влада.

-Изминатата година и покрај катастрофална состојба која ја наследивме од претходната Влада, заедно со синдикатите постигнавме договор за покачување на вработените во здравството и образованието, а ги покачивме и пензиите на над 300.000 пензионери линеарно.

Претходната Влада при подготовка на Буџетот за 2024 година не предвидела средства за исплата на К-15 на вработените во администрацијата, при што со ребалансот на Буџетот оваа Влада истите ги предвиде и исплати К-15 за 84.000 вработени во вредност од 1 милијарда денари.

За шест месеци како Влада направивме многу повеќе за граѓаните од тоа што го направи претходната Влада за 7 години.

Владата останува посветена во носење на одлуки во интерес на сите граѓани и зголемување на платите на вработените, но најдобар начин за изнаоѓање на решение на проблемите и различните ставови е преку разговори.

Жалиме што УПОЗ и покрај Економско-социјалниот совет како тело во кое што учествуваат и на кое што секогаш сме дискутирале за сите предизвици, одбраа да протестираат.

Владата докажа и покажа дека е партнер на работниците, затоа потенцираме дека како Влада сме спремни да седнеме на маса и да ги разгледаме сите предлози од страна на синдикатите.

Штрајкот како прво решение не е легитимен чекор и покажува политичка инструираност.

Доколку УПОЗ вистински се грижи за платите на работниците, ги повикуваме на разговор се со цел вистинско изнаоѓање на решенијата. Во спротивно останува сомнежот дека УПОЗ е синдикална организација која обработува за нечии партиски интереси кои не мислат ништо друго освен собирање на ситни политички поени на грбот на граѓаните, додаваат од македонската Влада.

Најнови вести од Македонија

To top