Македонија вмро-дпмне со итна реакција

ВИДЕО: Срамна навреда кон Силјановска Давкова на митингот на Пендаровски, претседателскиот кандидат и Кузеска се смеат

Од партијата ги повикаа надлежните институции да реагираат, а порачаа и дека народот го гледа сето ова и истото ќе го казни на изборите.

ВИДЕО: Срамна навреда кон Силјановска Давкова на митингот на Пендаровски, претседателскиот кандидат и Кузеска се смеат

Навреди кон кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова денеска беа изнесени на митингот во Куманово кој го одржа претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски.

Поддржувач на Пендаровски на микрофон пред присутните искажа навреди кон Силјановска Давкова кои се однесуваат на нејзината возраст.

Реакција стигна од ВМРО-ДПМНЕ од каде истакнуваат дека на изнесените сексистички навреди кон Силјановска Давкова никој не реагирал.

-Овие изјави во официјален дел од митингот и пред целокупната јавност ги искажа активист на Пендаровски и тоа во негово присуство и да биде уште пожалосно во присуство на портпаролката на СДС Богданка Кузеска. Најстрашното од се е после искажаните навреди кои се однесуваа на возраста и полот на кандидатката, никој на тоа не реагираше, ниту проба да го спречи активистот, ниту се огради, ниту се извини. Напротив тие дури и му се заблагодарија за неговиот настап. Ова е бедно и жалосно, на кое дереџе дојде Пендаровски. Да се навредуваат неговите против кандидати, а тој на тоа само да се смее и да се заблагодарува. Очигледно очајот и нервозата на СДС и Пендаровски се толку големи што веќе не бираат средства како да се пресметаат со Силјановска Давкова. Немаат аргументи, бегаат од дебати, бегаат од дуели и сега почнаа криејќи се од нивните активисти да блујат омраза, навреди и лаги, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата ги повикаа надлежните институции да реагираат, а порачаа и дека народот го гледа сето ова и истото ќе го казни на изборите.

To top