Македонија

ВИДЕО: Сите екипи на терен, се средува скопското Кале

ВИДЕО: Сите екипи на терен, се средува скопското Кале

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска објави видео од активностите за средување на просторот на скопското Кале.

Екипи на јавните претпријатија се на терен и работат на враќање на изгледот на запуштениот простор.

-Чисто, подготвено да ја прераскаже историјата на секој посетител. Да го чуваме наследството што нѐ обединува, да се грижиме и како такво да им го оставиме во аманет на идните генерации. Следуваат големи проекти, објави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот вчера заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков, проф. д-р Драги Митревски и претставник од Управата за заштита на културното наследство, извршија обиколка и детален увид на локалитетот Скопско Кале, за да ја согледаат актуелната состојба и реалните можности за негово понатамошно активирање во рамки на визијата Скопје – Европска престолнина на културата.

Ѓорѓиевски најави дека Калето кој е еден од најзначајните културно-историски симболи на Скопје ќе добие нова, современа културна улога во служба на граѓаните, уметниците и посетителите на нашиот град.

Најнови вести од Македонија

To top