На неколку денови пред Нова Година во познатиот локал “Кај Столе” во Кочани сопственост на С.Г. од Кочани во вечерните часови неговиот син Д.Г. физички нападнал гостин во локалот, известуват граѓаните на социјалните мрежи и го повикуваат ОЈО и МВР да реагира на снимката. При нападот , тврдат дека гостинот се здобил со телесни повреди.
Видеото е снимено од случајни минувачи кои биле сведоци на немилиот настан, со детален опис на случката.
Сопственикот на локалот С.Г., чиј син според наводот во видеото е еден од тепачите, е познат граѓански активист за чист воздух во Кочани и активно учествуваше на протестите за затварање на Градската депопнија во декември минатата година.
Во неколку наврати на протестите има изјавено дека само во неговиот локал има поставено 4 (четири) камери, па еве прилика да ги достави снимките од физичкиот напад до МВР и ОЈО доколку се уште не ги доставил, за тие да постапуваат согласно законот.
Целото видео погледнете го ТУКА