Денес на својот Фејзбук профил заменик директорот на ЈП Национални Шуми, Кире Михаилов, објави видео на кое се гледа граната од првата светска војна закопана во шумата во над село Николич, каде во моментов е активен пожарот.
Ова е само една од многуте препреки со кои се соочуваат пожарникарите при гаснење на пожарите.
Во прилог објавата на заменик директорот:
„Видеото е од пожарот над село Николич, а го пуштам за сите оние кои гледајќи на телефон мислат дека знаат како се гаси шумски пожар!
Па еве да ги прашам, како би се осеќале тие да раководат со стотина луѓе кои гасат пожар на територија на која имаме илјадници вакви неиспукани гранати од првата светска војна!
Еве јас да им кажам како се осеќа човек како мене, нормален, функционер кој место во канцеларија е помеѓу граѓаните и колегите на терен, а со тоа секако ја презема и целата одговорност во ваква ситуација:
– на секој еден пукот од испукана граната внатре во огнот, тој човек губи по една година од својот живот, а се враќа во нормала дури откако ќе разбере дека сите луѓе се во ред и нема повредени;
– пред да прати група внатре да гаси, обавезно му се моли на Бога да се вратат здрави и живи;
– во повеќето акции влегува лично внатре со луѓето за од прва рака да ја согледа опасноста, а со тоа секако својот живот и своето здравје го става во опасност;
– и најважното, на секој еден стручњак мора да одговара и на најзелените прашања и обвинувања оти нели тој функционер е избран од народот и мора да го одговори секое прашање;
Да сте ми живи и здрави сите кои секојдневно се соочувате со вакви предизвици на терен, Господ да не чува сите, а јас како и досега, ќе бидам до рамо до рамо со сите вас и ќе се молам на Господ да ме чува мене и сите вас!“