Штипјани денеска и порачаа на СДСМ дека ја немаат нивната поддршка.
Полупразна беше салата во Штип каде вечерва СДСМ одржа митинг. Обраќање имаше Сања Лукаревска, носителка во третата ИЕ на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.
Празна сала во Штип на митингот на СДСМ pic.twitter.com/04khw0NPfe
— Курир (@KurirMK) April 19, 2024
Со неа присутни беа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.
Лукаревска на митингот истакна дека внимаваат на сите граѓани, од тоа да задржат работните места, да добијат помош оние кои работат во приватниот сектор, непречено да тече исплатата на пензиите, социјалната помош, помошта за најранливите.