Македонија

ВИДЕО: Полициски хеликоптер исфрли над 45 тони вода врз пожарот на Оргажден

ВИДЕО: Полициски хеликоптер исфрли над 45 тони вода врз пожарот на Оргажден

Полициски хеликоптер денеска учествуваше во гаснењето на пожар на планината Огражден, на територијата на општина Ново Село.

Поради тешко пристапниот терен полицискиот хеликоптер префрли 10 струмички пожарникари во близина на пожарот за да можат да почнат со гаснење од земја, а хеликоптерот продолжи да дејствува од воздух.

За време на дејствувањето, хеликоптерот во 30 налети исфрли 45 тони вода и заедно со пожарникарите кои беа на терен се дејствуваше да се спречи еден од краците на пожарот да навллезе во дабова и букова шума.

Најнови вести од Македонија

To top