Рано утринава по 15 месеци во бегство на граничниот премин Блаце беше приведен екс вицепремиерот во владата на СДС и ДУИ, Артан Груби.
Тој се гони за проневера во служба во Државна лотарија, каде заедно со Перпарим Бајрами се осомничени за сторен криминал од 8 милиони евра преку нарачка на ВЛТ апарати. Груби како раководител на владината седница го одобрил барањето за ВЛТ апаратите иако знаел дека јавната набавка е незаконска и дека лотарија нема право самостојно да организира електронски игри на среќа.
Но тоа не е единствениот криминал во Лотарија. Ревизијата покажа дека над 180 милиони денари или близу 3 милиони евра спорна, невалидна или неуредна документација оставиле Бајрами и Груби во Лотарија.
Со Одлука на влада со која раководел Груби се отуѓи државно земјиште на фирмата на сопругата на Ковачевски за изградба на фотоволтаици по цена од 70 денари за м2
Груби од 9 декември 2024 е на Црна листа на САД поради „вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси.
Поранешниот прв вицепремиер во владата на Ковачевски, Артан Груби и судијата Енвер Беџети се на американската црна листа. Во своето соопштение, американскиот Стејт департмент посочИ дека Груби и Беџети биле вмешани во значителна корупција преку примање мито за предмети поврзани со поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.