Денес, во период од 12:00 до 15:00 часот, хеликоптер Ми-8/17 од составот на воздухопловниот ВИНГ беше ангажиран за гасење на шумски пожар на територијата на Општина Берово, во атарот на село Русиново, поточно во месноста Стојаково – Дрџински рид.

Во рамки на оваа интервенција беа реализирани 9 прелети, при што беа испуштени вкупно 18 тони вода директно врз најкритичните точки на пожарот. Акцијата се одвиваше во координација со надлежните локални и државни институции, со цел ефикасно справување со пожарот и спречување на негово проширување.
Преку оваа навремена и координирана акција, Армијата уште еднаш покажа дека располага со капацитети и стручност за брза интервенција во ситуации кои го загрозуваат локалното население и природната средина.


