Македонија мвр

ВИДЕО: Формирале група за вршење убиства – Снимки од полициската акција во Грчец

Полицијата објави снимка од разбивањето на криминалната група, што заврши со апсење на 7 од 16 осомничени лица.

ВИДЕО: Формирале група за вршење убиства – Снимки од полициската акција во Грчец

Полицијата објави снимка од разбивањето на криминалната група, што заврши со апсење на 7 од 16 осомничени лица.

Лицата, како што претходно објави министерот, Оливер Спасовски, убивале и продавале дрога.

„Пријавениот Ш.М. (Шеваљ Муареми) заедно со О.Б. и Ј.К. формирале група за вршење на убиства. Организаторите создавале планови и носеле одлуки, а ги спроведувале лично или преку припадници“, рече министерот Спасовски.

Како што објави, групата стои зад организацијата и обидот за убиство на лице од селото Бардовци, албански државјанин чиешто тело било најдено на 15 мај 2020 година Матка во Скопје, како и двојното убиство на 5 март 2021 кога во Скопје беа убиени А.Б. и Б.В..

Спасовски рече и дека со групата соработувале лица од МВР, обвинителствата и судовите давајќи им информации.

Најнови вести од Македонија

To top