Македонија случај „адитив“

ВИДЕО: Екс директорот на ЕСМ Васко Стефанов со лисици спроведен во Кривичен суд

Од Обвинителството соопштија дека во овој случај се опфатени 23 лица, за криминал тежок 6,5 милиони евра.

ВИДЕО: Екс директорот на ЕСМ Васко Стефанов со лисици спроведен во Кривичен суд

Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Стефанов со лисици беше спроведен во Кривичниот суд, објави Алфа телевизија. Тој е еден 23-та осомничени за криминал во Електраните на Македонија, вреден 6,5 милиони евра.

Стефанов е приведен синоќа на ГП Табановце. Подолг временски период бил отсутен од Македонија, а се вратил наводно откако дознал за случајот. Стефанов бил прифатен од полициските службеници на граничниот премин и спроведен во полициска станица на распит.

Главниот осомничен Васко Ковачевски, поранешен директор на ЕСМ е недостапен за органите, односно е во бегство, според информациите во Виена, Австрија.

Од Обвинителството соопштија дека во овој случај се опфатени 23 лица, за криминал тежок 6,5 милиони евра.

Македонските власти соопштија дека се надеваат на брза и експресна екстрадиција на Ковачевски.

Најнови вести од Македонија

To top