Иако извршувањето на сложени полициски задачи е нивно секојдневие, денеска припадниците на Единицата за брзо распоредување беа исправени пред нов предизвик.
Да ги израдуваат најмалите и да предизвикаат насмевки на нивните лица. И по објавените снимки и фотографии, очигледно и оваа задача успешно ја завршија.

Во просториите на ЕБР денеска имаше вистинска празнична магија. Дедо Мраз, на голема радост на најмалите, пристигна со оклопно возило полно со подароци и новогодишни пакетчиња.
Децата се дружеа со Дедо Мраз, ги споделија своите новогодишни желби со него, добија подароци, но и спомени кои ќе ги паметат.

