Хеликоптер на Армијата и денеска е ангажиран во справувањето со пожарите во Македонија.
Припадниците на воздухопловниот винг во текот на денешниот ден во претпладневните часови дејствуваат од воздух на пожарите во реонот на Јасен.
Од армискиот хеликоптер беа исфрлени над 20 тони вода. На терен се и поголем број припадници на АРМ кои ги гаснат пожарите.