Македонија дубаи

Венко vs Филипче: За Телма нема, за Инфомакс призна дека има златна виза?!

По ова се отвораат прашањата како се дава златна виза за преговори? Нели истата ја немало и се’ било пропаганда? Дали можеби преговорите се и за друг вид на бизнис и дали Филипче преговарал како министер или приватно лице?

Венко vs Филипче: За Телма нема, за Инфомакс призна дека има златна виза?!

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче призна дека има златна визa за Дубаи.

Во „Политиканти“ на Инфомакс, одговарајќи за златната виза рече дека не е поврзана со никаква форма на инвестиции.

– Пред да се кандидирам за претседател на СДСМ и претходно за пратеник бев во преговори за работа со една болница во Дубаи и добро напредуваа преговорите. Меѓутоа откако станав претседател на партијата тие преговори останаа на стенд-бај, тоа е и причината зошто имам виза за Дубаи, вели Филипче за Инфомакс.

На прашањето зошто оваа приказна не била кажано порано, Филипче одговори дека мисли дека треба сите да се обидат нивото на политичка дискусија, дебата и култура да се промени.

Кон крајот на април, лидерот на опозицијата, имаше друга изјава пред медиумите.

-Немам виза која е поврзана со инвестиции, немам виза која е поврзана со недвижнини, немам илјадници евра, немам сметки. Немам виза која е поврзана со милиони, авиони, камиони. Едноставно имам само виза која што ми овозможува да патувам, одговори Филипче на прашање на Телма телевизија пред две недели.

По ова се отвораат прашањата како се дава златна виза за преговори? Нели истата ја немало и се’ било пропаганда? Дали можеби преговорите се и за друг вид на бизнис и дали Филипче преговарал како министер или приватно лице?

Најнови вести од Македонија

To top