Денеска Венко беше во улога на портпаролката Богданка. Читаше веќе напишана прес-конференција. Истовремено, се надмина и себеси, на новинарски прашања тотално излезе од колосекот и искажа грди, нечовечки небулози и обвинувања кон пратениците на власта, луцидно и „ничим изазваним“ тврдејќи дека истите се потсмевале со родителите на загинатите деца од кочанската таргедија?!
Колку да го има, „лидерот“ го прочита она што другите му го напишале околу Законот за високо образование. Авторот, најверојатно е професорот Фрчко. Татко на Шмрчко. Застана и во одбрана на приватните универзитети, кои со новиот закон ја губат привилегијата да се занимаваат со образование на медициски кадар и архитекти, за кои во минатото се виде дека се катастрофално обучени и предмет на купи-продај дипломи. Лица кои ќе треба да ве лечат и да градат висококатници, ликови за кои секој нормален би рекол – не благодарам. Но, тоа му пречи на СДС. И на Венко.
Јавноста со осонова се запраша – да не сакаат со менторот од Дубаи да купат и некоја високообрзовна приватна институција, освен болници како онаа на Жан Митрев? Или, можеби веќе и купиле, но не знаеме за тоа?
На прес-конференцијата, „професорот“ се служеше со кооперациски вокабулар и изветвени еседеесовски финти: „Со една реченица класична вмровска работа на партизација и контрола на секој еден од секторите во државата.“, Единствен проблем е што тука кај Фиќо проговори Фројд, демек „вмровската“ работа е есдеесовска измислица, со тапија, иницијатива протежирана од вистинскиот лидер од Дубаи, кој најави и направи смена од портир до министер, лик познат по јадење живи луѓе, човече црпнато од нива…
На прашањето околу инспекциските надзори и јавната тајна за купени фалсификувани дипломи по приватните универзитети со кои Македонија е преплавена, тој парадоксално и контрадикторно изјави:
„Ако има такви универзитет со акви дипломи, тие треба да се затворат!“
А има, факт кој го знаат и врапчињата и грда реалност која само Венко не ја „знае“ во Македонија. Или, поверојатно, не сака да ја знае.
За него, сепак, тоа биле само „непотврдени“ претпоставки, со што арогантно ја стави работата на Просветниот инспекторат под знак на прашање, како и се друго во државата.
Негираше дека наводно имал каква и да е поврзаност со фирма за производство на марихуана. Сиромашкиот „лидер“, да ти бил константно изложен на црна кампања. Присуството на фотката со газдата кај кого е фатена марихуаната, не ја објасни. А, не е фотомонтажа…
Не кажа ни чуму толку се фати во орото за заштита на приватните бизниси контра државата, за која никогаш и не направиле нешто како партија.
Фрапантно, по наводите за негова јасна одговорност во случајот, истиот тој запраша: „Дали помислија на семејствата на загинатите во Модуларната болница?“
Инаку, ова е човекот кој фактички како министер за здравсто ја составил техничката спецификација за модуларната болница во Тетово без соодветен елаборат за електрична енергија, и без целосно почитување на безбедносните стандарди. Пеколната стапица која изгоре како кибритче со 14 луѓе во неа поради електричната инсталација и несоодветните материјали од кои беше изградена. Дали тој помисли на семејствата? Дали почувствува каква и да е одговорност како министер? За онкологија? За корона-вакцините?
И, едновремено, запенавениот Венко влетан во себеодбрана за Модуларната трагедија буквално излета од колосек и мизантропски истресе за политичките опоненти: „Тоа се истите лица кои додека седат во собрание во исто време им се смејат на родителите на децата кои загинаа во дискотеката во Кочани.“?!?!?! Помисли ли Венко за реакцијата на семејствата и што отвора со ова непромислена, рекла-казала тврдење? Најверојатно, да. За жал на сите…
Инаку, колку да знаете, за модуларната болница и неговата вина во трагедијата лажела и екс обвинителката Лејла Кадриу. Лажел и Жан Митрев.
Како и секогаш, сите лажат за Филипче, кој е цел на една голема урота и хајка, а тој така невин и чесен, со најбел образ во светот. И пошироко.
Само тој ја кажува вистината, никој друг.
Филипче не објасни чуму денеска го одработи она што и прилегаше на Кузеска, за што познавачите велат дека поентата е да се биде присутен во јавноста, по секоја цена, макар со манипулации и изместени контексти, без аргументи, за што кај северниот сосед на земјата насила северизирана токму од него и СДС, велат „трла баба лан“.
Познавачите прашуваат, дали е сеприсутен во јавноста за да кога ќе се дигнат обвиненија против него, да има алиби за наводниот „политички реваншизам“ кој ќе му биде единствената одбрана пред органите на прогонот?
И, каде е Заев? Чуму не е во Македонија?
Онака, за другарче прашуваме…