Македонија

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ И ЗОРАН ЗАЕВ НА ГРАНДЕ ЖУРКА НА ХАРИС ЏИНОВИЌ ВО ДУБАИ?! Дали СДСМ ќе се раководи од Бихаќка или од престолнината на луксузот?

На социјалните мрежи доцна синоќа осамна видео, на кое се гледаат актуелниот претседател на СДСМ Венко Филипче и поранешниот лидер Зоран Заев на забава која неодоливо потсетува на гранде журката на познатиот пејач Харис Џинови во ексклузивниот хотел „Хилтон“ во Дубаи на 25 и 26 октомври октомври годинава.

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ И ЗОРАН ЗАЕВ НА ГРАНДЕ ЖУРКА НА ХАРИС ЏИНОВИЌ ВО ДУБАИ?! Дали СДСМ ќе се раководи од Бихаќка или од престолнината на луксузот?

Наголемо се шпекулира дека Заеви веќе ги преселиле главните бизниси во Дубаи и дека Зоран Заев наскоро би можел да стане и жител на најголемиот бизнис центар на Блискиот Исток. Но, дали тоа значи дека Филипче редовно ќе оди на консултации и на журки во Дубаи?

На социјалните мрежи доцна синоќа осамна видео, на кое се гледаат актуелниот претседател на СДСМ Венко Филипче и поранешниот лидер Зоран Заев на забава која неодоливо потсетува на гранде журката на познатиот пејач Харис Џиновиќ во ексклузивниот хотел „Хилтон“ во Дубаи на 25 и 26 октомври октомври годинава.

Видеото го споделија и новинарот Драган Павловиќ Латас и порталот Вечер.

Добро упатени извори тврдат дека Заев и Филипче навистина биле заедно во Дубаи и не ја пропуштиле еклслузивната прилика да се провеселат на журката на Џиновиќ. Истите извори велат дека Филипче и Заев не биле сами во престолнината на бизнисот на Блискиот исток.

Српските медиуми веќе известија за журката на познатиот пејач во Дубаи, нарекувајќи ја „дернек каков што не се памети“, а влезниците чинеле и по неколку стотици евра.

За македонската јавност многу поинтересно е прашањето е што барал на оваа журка лидерот на СДСМ Венко Филипче и каква е неговата поврзаност со шпекулациите дека неговиот политички ментор Зоран Заев ги сели бизнисите во Дубаи, каде што од март идната година наводно планирал и тој да се пресели.

Поранешниот премиер Зоран Заев сега е „обичен смртник“, против кого, колку што ни е познато, барем засега, не се водат никакви истраги. Според тоа, како слободен граѓанин без посебни обврски кон истражните органи на својата матична држава, тој може да патува каде што сака и кога сака.

Но, Венко Филипче не е во таква позиција. Тој е претседател на СДСМ и пратеник. Колку што ни е познато, редовно обавува и лекарска пракса. Според тоа, тој по повеќе основи има обврски и кон државата и кон својата партија, па затоа е должен да објасни што барал во Дубаи со Зоран Заев, а и на оваа бесна журка. (ПлусИнфо)

Најнови вести од Македонија

To top