Македонија

Венко Филипче e новиот лидер на СДСМ, Деспотовски најави приговори

Венко Филипче e новиот лидер на СДСМ, Деспотовски најави приговори

Венко Филипче извојува победа на внатрепартиските избори за лидерот на СДСМ, обезбедувајќи значителен број гласови во однос на неговите ривали.

-Вечерва СДСМ доби нов претседател, во една фер и демократска процедура на внатрепартиски избори социјалдемократите го избара д-р Венко Филипче за претседател на СДСМ.

По завршувањето на гласањето во 20:00 часот од вкупно запишаните и 95% обработени, можеме да соопштиме дека Венко Филипче има 9052 гласа, Александар Бајдевски 905 гласа, Јован Деспотовски 2705 и Славјанка Петровска има 190 гласа. Неважечки се 174. Конечните резултати ќе ги објавиме во рок од 48 часа, согласно роковниците штом помине рокот за приговори и жалби.

Благодарност до ЦИК, сите чинители и членови на општинските изборни комисии, избирачки одбори, сите општински организации кој максимално се вложија, овој процес да биде легитимен, демократски во фер процедура, велат од СДСМ.

Инаку, кандидатот за претседател на СДСМ Јован Деспотовски по затворањето на избирачките места на вонредните внатрепартиски избори упати благодарност до партиските членови кои гласаа на изборите, но искажа и забелешки за одвивањето на изборите.

-Денеска, дел од членовите на СДСМ гласаа. СДСМ е единствената партија и во земјава, и во регионот, која има широк модел за избор на претседател. Со тоа треба да ја покаже својата големина и демократски капацитет. Но, тој демократски капацитет денес, но и во деновите што следат треба да биде докажан и потврден. Од срце им благодарам на сите членови на партијата кои излегоа да гласаат, како и на сите оние кои излегоа, дојдоа на избирачките места но од различни причини не им беше овозможено да гласаат. Искрено им благодарам на сите оние кои во изминатите неколку недели беа со нас и дадоа своја енергија во градење на еден нов СДСМ, наведува во пишаната изјава Деспостовски.

Тој пред да даде оценка за изборите, побара од Централната изборна комисија на партијата да даде одговор на прашањето зошто над десет илјади членовите кои се регистрирале не излегле да гласаат и зошто на членови кои биле уредно регистрирани, не им било овозможено да гласаат на гласачите места. Деспотовски воедно најави дека неговиот тим утре ќе поднесе приговори за констатираните забелешки.

-На овие две клучни прашања, но и на останатите забелешки кои дојдоа од мрежата контролори низ цела држава, нашиот тим веќе утре ќе поднесе приговори. СДСМ мора многу сериозно да се позанимава и да одговори на овие прашања пред воопшто да се дефинира став во врска со овие избори. Ова, без разлика на исходот од денешното гласање и резултатите кои ги очекуваме во следните два часа, наведува Деспотовски.

Најнови вести од Македонија

To top