Ведрото и студено време ќе се задржи и денеска. Претпладне ќе дува засилен северен ветер, кој во попладневните часови ќе слабее, а најдолго ќе се задржи долж Повардарието.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 6, а максималната од 6 до 13 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со умерен до засилен северен ветер, особено претпладне. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 10 степени.
Во понеделник ќе преовладува сончево време со студено утро, а дневната температура ќе се зголеми. Од вторник следува период на претежно облачно време со локални врнежи од дожд кон крајот на денот. Пообилни врнежи се очекуваат во среда.