Македонија Македонија - Украина

Василеска: Реафирмација на поддршката за Украина

Претседателката на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Украина, Иванка Василевска, оствари средба со украинската амбасадорка Лариса Дир, на која беа разменети мислења за најновиот развојот на ситуацијата во однос на руската агресија и геополитичките поместувања кои се рефлектираат и на конфликтот.

Василеска ја повтори поддршката во однос на терторијалниот интегритет на Украина, по што се разговараше и за можностите за нејзина институционална реафирмација, во контекст на последните воздушни напади врз Украина, наспроти напорите за постигнување прекин на огнот.

Амбасадорката Дир, и во оваа прилика, изрази искрена благодарност за поддршката што Република Македонија и ја дава на Украина од почетокот на руската воена агресија. Таа се заблагодари и за учеството на нашата земја на неодамнешниот Самит Украина – Југоисточна Европа во Одеса, како и за формирањето на Меѓупартиската парламентарна група во Собранието на РМ за поддршка на меѓународната Кримска платформа. Сите овие чекори и активности, како што беше речено, се од исклучително значење за украинскиот народ, кој ја брани својата независност.

Соговорничките Василевска и Дир разговараа и за евроинтеграциските процеси, во контекст на
потребата од забрзување на проширувањето – во светло на геополитичките промени.

To top