Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји и ја честиташе победата на Гордана Силјановска Давкова на вчерашните претседателски избори.
– Честитки за новата претседателка на Северна Македонија! Со нетрпение очекувам да работиме со претседателката Гордана Сиљановска Давкова на забрзување на потребните реформи за да се придвижи напред процесот на пристапни преговори, наведе Вархеји во честитката на платформата Икс.
Силјановска Давкова во одговор на објавата му се заблагодари на Вархеји на честитката, изразувајќи подготвеност за соработка во остварување на „најважниот македонски стратешки проект“.
– Ви благодарам многу, господине комесар Оливер Вархеји! Како еден од основачите на Европското движење во Македонија и поранешна Југославија, со нетрпение очекувам да работам со Европската комисија за го завршиме најважниот македонски стратешки проект, истакна Сиљановска Давкова.