Македонија СДС во улога на гринч, реално „новите“ дечки да ја намалат употребата на иљачот на јон

ВАКА КРАЈОТ МИРИСА: Приземна пресметка со ПОПЛАВА ОД ГОВОР НА ОМРАЗА на СДС стратезите кон новинарите, на мета Героски

Во соопштението насловено „Фрљо – последната линија на одбрана на ВМРО“, СДСМ го нарекува Героски „најискусниот припадник на специјалната единица на кујната на ВМРО. Познат уште од времето на Груевски, член на елитната ‘панцир’ единица – Фрљо.“

Пораката по социјалните мрежи е СДС пи-ар ергелата да намали со очебијната употреба на „иљачот“ на новата „прва пушка“ во партијата, Фрле Јуниор, оти им штети не само на здравјето, туку и на рејтингот кој и онака е во длабок минус. 

На потег се АВМУ, МАН и ЗНМ. Ваков преседан само отвора простор за натамошно јавно жигосување на неподобни новинари. 

ВАКА КРАЈОТ МИРИСА: Приземна пресметка со ПОПЛАВА ОД ГОВОР НА ОМРАЗА на СДС стратезите кон новинарите, на мета Героски

СДСМ утрово, на ден католички Божиќ,  ги мина сите можни граници на пристојноста и општествената одговорност, дејствувајќи со ултра-приземен вокабулар и посегнувајќи по последното засолниште на неспособните – лични навреди и калсична удбашка „рекла-казала“  девалвација на личноста. Не едно, СДС во хејтерски „творечки немир“ испрати дури две мизантропски соопштенија до медиумите во кои со невиден говор на омраза користи најдолни и крајно мизерни навреди кон уредникот на Плусинфо Бранко Героски.

Во улога на Гринч (кој сака да го уништи Божиќ) СДС со соопштението насловено „Фрљо – последната линија на одбрана на ВМРО“, го нарекува Героски „најискусниот припадник на специјалната единица на кујната на ВМРО. Познат уште од времето на Груевски, член на елитната ‘панцир’ единица – Фрљо.“

Опозициската партија во нејзиното ултра-хејтерско соопштение се занимава со меморијата на уредникот Героски при што вели дека таа целосно му откажала. Героски е посочен и дека „не се сеќава на сопствениот удел во српскиот свет“, како и дека „лично го вметна инвестирањето во вештачката интелигенција како еден од најважните столбови на новата програма на ВМРО“.

„Иако Фрљо не е обичен бот, тој сепак е една напредна (да не кажеме – српска напредна) машина на која очигледно ѝ недостига замена на работната меморија. Можеби во тоа може да му помогне неговиот стар воен другар, ветеран Латас. До тогаш, додека не ја замени меморијата, да го потсетиме дека некогаш одамна напиша книга со наслов ‘Биди новинар’. Му предлагаме да ја прочита и можеби да се потсети на некои основи на слободното новинарство“, се наведува во соопштението од „расположената“ за хејтање СДСМ.

Во второ соопштение под наслов „Манасије – дигитален дарител“ СДСМ повторно се занимава со Героски нарекувајќи го „Св. Геро – заштитникот на сите ВМРО-ботови“.

„Геро редовно ја следи модата, па дури знае и кое сако го носи нашиот претседател“, се наведува во ова луцидно соопштение од СДСМ.

Пораката по социјалните мрежи е СДС пи-ар ергелата да намали со очебијната употреба на „иљачот“ на новата „прва пушка“ во партијата, Фрле Јуниор, оти им штети не само на здравјето, туку и на рејтингот кој и онака е во длабок минус.

На потег се АВМУ, МАН и ЗНМ. Ваков преседан само отвора простор за натамошно јавно жигосување на неподобни новинари.

Прашуваме јавно, што ако ваквото непристојно и непресметливо дејствување на манијакалните пи-арџии на СДС скриени зад тастатурите на Бихаќка испровоцира некој нивни „расположен“ партисјки член на какво и да е злодејание кон посочените и јавно девалвирани и жигосани претставници на „седмата сила“? Сфаќаат ли партиските ботови (кои за разлика од новинарите кои ги деградираат, немаат име и презиме, туку се кријат зад партијата) дека можат да предизвикаат акт од омраза која самите тие снисходливи и тотално непресметливи ајвани ја предизвикале? Што стана со општествената одговорност на „државотворната“ партија?

„Ало, дечки, олабавете малку, тотално забегавте, намалете од тоа „беличкото“, е само еден од стотиците коментари на соц-мрежите во кои запрепастените граѓани го изразуваат својот основан револт против ваквото субверзивно и петпарачко дејствување на партијата, која сакале или не, е дел од македонската историја, направија која со „новото“ раководство се повеќе станува резил за државата како дел од негативните извештаи на светските новинарски здруженија за Македонија. Очекуваме да ги видиме и во извештајот на ЕУ и на Стејт Департментот, по делот со ширење ксенофобија преку лагите за имагинарните мигранти…

Најнови вести од Македонија

To top