Македонија УХМР

Утрото студено време, преку ден до 14 степени

Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне 10 степени.

Утрото студено време, преку ден до 14 степени

Утрото денеска ќе биде студено, по одделни котлини со услови за појава на утринска магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност која во вечерните часови ќе се зголемува. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.

Во Скопје претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне 10 степени.

Според УХМР, в петок ќе има зголемена облачност и ќе дува засилен ветер од северен правец. Потоа следува период на стабилно и суво време со пораст на температурите. (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top