Лидерите на НАТО ќе се соберат утре на дводневен самит во Хаг, каде што се очекува да се донесе одлука за зголемување на трошоците за одбрана и безбедност на земјите-членки на Алијансата од сегашните два проценти на пет проценти од БДП.
Зголемувањето би вклучувало зголемување од 3,5 проценти за одбраната и дополнителни 1,5 проценти за одржување на инфраструктурата поврзана со одбраната, како што се подобрувања на патиштата, мостовите, пристаништата и аеродромите, како и подготовка на цивилното население за соочување со идните конфликти, објави АП.
Македонската делегација ја предводи претседателка Гордана Силјановска Давкова.
На самитот ќе присуствува и американскиот претседател Доналд Трамп.