Македонија еве што не очекува на 1 јануари

УТРЕ НИ ДОАЃА СНЕГОТ, ПА ПРЕСВРТ НА ВРЕМЕТО – еве што не очекува за новогодишната ноќ, особено подгответе се за прогнозата пред Божиќ (ФОТО)

Утре на повисоките места во регионот ќе паѓа повремен снег. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

УТРЕ НИ ДОАЃА СНЕГОТ, ПА ПРЕСВРТ НА ВРЕМЕТО – еве што не очекува за новогодишната ноќ, особено подгответе се за прогнозата пред Божиќ (ФОТО)

Времето утре ќе биде променливо облачно, од изутрина со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег што ќе ја зголеми снежната покривка. Претежно во западните и северните делови повремен снег ќе паѓа и на повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието северозападен, а во западните делови западен ветер, кој наместа повремено ќе засилува.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На повисоките места во регионот ќе паѓа повремен снег. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Во сабота времето ќе биде наутро со услови за слаба магла во котлините, а преку денот променливо облачно и релативно топло преку денот. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.

Во недела времето ќе биде наутро со услови за појава на магла во котлините, претпладне променливо облачно, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во понеделник времето ќе биде наутро со појава на магла во котлините, а преку денот претежно сончево, тивко и релативно топло освен во котлините со магла.

Следната недела е последна седмица за оваа година, а според „accuweather“ можеме да видиме и какво време не очекува ноќта за дочекот на Новата година, како и за првите денови од јануари.

Имено според оваа страница идната недела ќе имаме претежно сончево време, а последниот ден од годината исто така ни носи сончево време и максимални 8 степени, додека првиот ден од Новата година ќе го започнеме со повеќе сончеви зрани и повисока температура.

Она што е интересно е што снегот доаѓа пред Божиќ (доколку не се промени прогнозата), па така дожд и снег ќе врне на трети и четврти јануари.

 

To top