Македонија подгответе се

УТРЕ НИ ДОАЃА СНЕГОТ – ќе врне секој ден цела недела, еве ги деталите

Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините снег.

УТРЕ НИ ДОАЃА СНЕГОТ – ќе врне секој ден цела недела, еве ги деталите

Времето утре претпладне по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје претпладне со појава на магла и ниска облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има услови за повремен дожд.

Во среда времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планинитe од снег.

Во четврток времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, a на планините од снег. Попладне ќе дува засилен северен ветер и поради заладување врнежите ќе преминат во снег и на некои повисоки места.

Во петок времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Најнови вести од Македонија

To top