Уставниот суд ја одложи седницата за Законот за примена на јазиците. Најпрво, за “двојазичноста“ ќе се оди на Подготвителна седница, која ќе се оддржи за неколку месеци. Како се изјаснија судиите околу ова? Предлогот дојде од судијата-известител Елизабета Дуковска, коај со поддршка на 4 судии побара подготвителна седница, со што би се одложила одлуката и би се чуле аргументите на сите. Предлогот е прифатен. седницата ќе се оддржи за неколку месеци, по што ќе следува обемен, долготраен процес со „сите нишани“.
Симптоматично, но само Добрила Кацарска е против, вели дека ништо нема да се добие. Во свој, „Кацарска стил“ таа се бунела и викала: -Кои се тие експерти што ќе ни кажат што е уставно, а што не?
Данева била за, таа вели дека треба да се чујат мислењата на повеќе уставни судии, исто како и претседателот на Уставен, Костадиновски е за подготвителна седница, тој цени дека тоа би било начин да се обратат до граѓаните и да се убедат дека аргументите се уставно втемелени. Осман Кадриу и Насер Ајдари беа повторно отсутни од седницата на Уставниот суд.
Неприсуството на Кадриу и Ајдари е непримерно и незаконско, оценија познавачите на состојбите, тие како уставни судии немаат право поради какви и да е причини (освен здарвствени) самоволно да отсуствуваат „кога ќе им текне“, туку се должни да се на седницата.
Надвор беа ДУИ, кои сега ќе ликуваат и ќе манипулираат дека одложувањето е нивна заслуга, евтино сценарио кое премиерот Мицкоски го најави пред неколку дена.