Македонија Проектот досега беше целосно блокиран

Убави вести од Брисел: Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година

Во 2028 година, Скопје и државата ќе бидат јасно присутни на европската и светската културна мапа, вели тој.

Убави вести од Брисел: Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година

Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година. Убави вести од Брисел, информира министерот Тимчо Муцунски,

-Попладнево заедно со министерот Зоран Љутков и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски -остваривме средба со еврокомесарот за меѓугенерациска правичност, млади, култура и спорт, Глен Микалеф, на која ги претставивме ставовите на Владата за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“ и нашата подготвеност, со силна меѓуинституционална поддршка, да продолжиме со неговата реализација, истакна тој.

Проектот досега беше целосно блокиран и управуван спротивно на законските прописи, но со активностите во изминатиот период процесот е деблокиран и насочен кон транспарентно и одговорно спроведување.

-Титулата „Европска престолнина на културата“ носи визија за модерен, отворен и динамичен град кој ја вклучува заедницата, ги поттикнува младите, ги поддржува уметниците и создава услови за силна културна размена. Во 2028 година, Скопје и државата ќе бидат јасно присутни на европската и светската културна мапа, вели тој.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Најнови вести од Македонија

To top