Поранешениот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски е меѓу уапсените лица осомничени за криминал во работењето на РЕК Битола, според неофицијални информации.
Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека во тек е акција, но повеќе детали најавуваат за подоцна.
-Во тек е полициска акција во координација со ОЈО ГОКК. По завршувањето на истата ќе ја известиме јавноста, велат од МВР.
Според првичните информации уапсени се голем број на физички лица, а опфатени се и неколку правни лица од повеќе градови. Покрај Ковачевски, осомничен за кривичното дело Несовесно работење во службата, е и Васко Стефанов, кој го наследи Ковачевски на позицијата генерелен директор на ЕСМ.
Со акцијата е опфатен и Пеце Матевски од Битола, поранешен директор на РЕК Битола. Стефанов и Матевски се осомничени дека помогнале да се злоупотреби постапка за јавен повик, како членови на злосторничко здружение.
Комерцијалниот директор на ЕСМ, Ардијан Муча, пак, е осомничен за кривичното дело Злоупотреба на службена положба.
Пред неколку години Ковачевски пишуваше речиси љубовни стихови за својот партиски шеф што го стави директор на една од најбогатите и најкорумпирани државни институции.
Доброто за Ковачевски за кого обвинителството најави дека ќе истражува криминал во ЕСМ е што речиси сите кои добија поддршка од екс премиерот и лидер на СДСМ завршија в затвор.
Песната на Ковачевски за Заев