Македонија

Тутунот се откупува по највисока цена до сега и затоа сите се задоволни, вели Мицкоски

Тутунот се откупува по највисока цена до сега и затоа сите се задоволни, вели Мицкоски

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања се осврна на темата со откупот на тутунот.

Тој посочи дека откупната цена е до сега највисока и затоа и откупувачите и тутунарите се задоволни.

-Во моментов се откупени 23-24 милиони килограми тутун, а просечната цена е близу 420 денари, некаде околу 7 евра, што е највисока до сега. Гледате нема протести, нема блокади, нема ништо, туку напротив задоволни се и тутунопроизводителите и откупувачите. Кога на тоа ќе се додаде и субвенцијата тогаш доаѓаме до некои 500 денари по предаден килограм тутун. Тоа за мене е исклучително квалитетен род и би рекол исклучително квалитетен бизнис. На 24 милиони килограми, кога ќе ставиме 500 денари, добиваме околу 12 милијарди денари, околу 200 милиони евра ќе завршат кај тутунопроизводителите. И тоа е добро. Порано се откупуваа по 15-16 милиони килограми по цена од 120-130 денари, а денес е тоа 23-24 милиони килограми по цена од 420 денари по килограм, со субвенција 500. Навистина добра работа се прав“, изјави Мицкоски.

Најнови вести од Македонија

To top