Нов ден, стари инфантилни ламентации од „Летечкиот циркус на Венко Пајтон“. Велат, очќебијни нус-ефекти од претераната конзумација на иљачот на Шмрчко. Друго, логично објаснување нема.
Едно те исто, секој ден. Рамбо Амадеус вода да им носи. „Топ листа андреалиста“, исто.
Значи.
Рејтингот им паѓа во бездна, тие измислуваат дека растел, со ДИГО квасец ли, Венко? Фацијалната експресија и тресењљето на гласот и рачињата, пак, кажува нешто сосема друго…
ВМРО биле во паника, а СДС се бореле за Македонија?! Никој нормален не им верува на оваа глупост, ниту портирот на Бихаќка.
Внатешно се како рогови во вреќа, лажат дека ги руши ВМРО, дури измислија и луцидна „Платформа за рушење на СДС?!“ Аман, чуму некој нормален би рушел партија која сама се руши и се распаѓа, буквално пука по шавови?
Имиџот на Венко помножен со нула „пута два“, СДС виделе дека граѓаните го препознале дефокусот!? Цепки…
АКТ служи за потсмев и „спрдња“ во секоја можна кооперација, ама никој не можел да го скрши?! Што да скрши бе луѓе, побогу?
СДС немало да дозволи да се руши СДС!? Па, ДУИ ли да не дозволи да се сруши СДС?
СДС се договориле меѓу себе ВМРО да одговара „за се’“?! Некој да не очекуваше СДС да се договорат Заев, Венко, Таче и Обиџуко да одговараат ли?
Прочитајте го „новиот“ копи-пејст, плукни-залепи прес на СДС. За да не се мачат ајваните, направиле шарена компилација на вчерашните папазјании, искомбинирани со завчерашните, дозачинети со превчерашните. ИНТЕГРАЛНО И ИЗВОРНО, да нема „љутиш“:
Дека текстот е копи-пејст сведочи „против КРИМНАНЛНАТА власт…“, истата правописна грешка и цела реченица ја имаат во соопштението и вчера и завчера. Статива. Мрзеливи, северни дилетанти. Колку пари, толку музика, им рекле од српска „Прагма“. Па Шмрчко, Фани и Жерновски сами „смишљаат“. Резултатот се гледа од авион.
А на Заев, нему не му се одврзувало ќесето. Имал побитни работи да плати, а парите државни секнале, јаз’к, таксират. Којзнае, можеби Обиџуко и нему му изработил еден од оние мафијашките лажни пасоши?
Како и да е, туку, зошто Црпко не е во Македонија?
Онака, пак за ДРУГАРЧЕ прашуваме…