Македонија Саем-Отчет

Трпковски: Во Сопиште се изгради прочистителна станица

Асфалтиравме повеќе од 20 улици, потпишавме меморандум со Стоматолошкиот факултет во Скопје за жителите на општина Сопиште бесплатно да имаат стоматолошки услуги и прегледи“, вели Трпковски.

Трпковски: Во Сопиште се изгради прочистителна станица

На денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ свое обраќање на панел дискусијата со градоначалниците имаше градоначалникот на општина Сопиште, Стефче Трпковски кој ги наведе клучните проекти за својата општина.

„Со јасна визија, чесен и транспарентен пристап стигнавме до конкретни резултати покажавме што значи одговорна локална власт. Мојот трет мандат го започнав со изградба на прочистителна станица за населено место Ракотинци, потоа продолживме со промена на јавното осветлување, со овој проект освен што заштедивме средства во буџетот, го подобривме и осветлувањето. Изградивме нова детска градинка со капацитет од 84 дечиња, го доизградивме културниот дом и го опремивме овој е центар на многу културни настани, проектите се бројни, реализиравме проекти кои беа по барање на жителите. Асфалтиравме повеќе од 20 улици, потпишавме меморандум со Стоматолошкиот факултет во Скопје за жителите на општина Сопиште бесплатно да имаат стоматолошки услуги и прегледи“, вели Трпковски.

To top