Возачот на електричен тротинет е должен да го управува возилото по велосипедска патека или велосипедска лента, а доколку истите не се изградени, по пешачка патека, односно друга површина наменета за движење на пешаци, се пропишува во Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата. Но ако излеземе на скопските улици, ќе видиме дека не секогаш е така. Уште полошо, тротинетите не се возат ни на самиот раб од коловозот, туку по средните линии, меѓу Автомобилите. Инаку за вакво возење, предвидени глоби од 80 до 120 евра.
Ако двајца или повеќе возачи на електричен тротинет се движат во група, се пропишува во измените, тие се должни да се движат еден зад друг.
Ако на патот постои посебно уредена велосипедска патека, велосипедска лента, тротоар или пешачка патека, возачот на електричен тротинет е должен да го управува возилото по десната велосипедска патека, велосипедска лента, тротоар или пешачка патека во однос на правецот на движењето на сообраќајот.
На велосипедска патека, велосипедска лента, тротоар или пешачка патека, уредени и обележани за сообраќај на електрични тротинети во двете насоки, тие се движат по десната страна во правецот на движењето на возилата.