Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство денес е во работна посета на општина Чешиново-Облешево каде што оствари средби со земјоделците од овој регион исто така го посети и системот за наводнување на земјоделските површини.
-Изминатиов период откако Љупчо Николовски најави дека ќе има вода за сите во кочанскиот регион добив многу пораки од земјоделците кои ме известија дека во реалноста ситуацијата и не е така розова. Состојба со системите за наводнување е катастрофалната, каналите се руинирани, стари, неисчистени и нефункционални. Повторно и оваа година водата ќе биде проблем за оризопроизводителите, а со тоа се доведува под знак прашалник и новата производна сезона, – изјави Трипуновски.
Тој рече, дека неподготвени влегуваме со сезоната за наводнување говори и фактот дека за чистење на доводните канали за наводнување е потрошено само 30 работни часови со една машина. Со ова ќе имаме лош старт на наводнителна сезона со што ќе се пролонгираат роковите за засејување на оризовата култура и наводнувањето преку цела наводнителна сезона ќе се одвива со потешкотии.
-Потребно е многу работа во секторот земјоделство министре Николовски, особено во делот на водостопанството, вие овие 7 години ги преспавте и ништо не сработивте. Единствено добро е тоа што наскоро вие ќе си заминете, а на ваше место ќе дојдат луѓе кои посветено и искрено ќе работат за доброто на македонските земјоделци, тие ќе имаат вистински партнер во новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ! – заврши Трипуновски.