Кампањата „Македонско најдобро“ е добро прифатена во јавноста, истакна Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при брифингот со медиуми.
„Целта на кампањата е да го зголемиме и зајакнеме домашното земјоделско производство, да обезбедиме просперитет на руралните средини“, појасни министерот.
Тој посочи дека треба да се работи на подигање на свеста за квалитетот, автентичноста и значењето на домашните производи и преработки од истите.
„Преку платформата обезбедуваме полесен пристап на нашите сограѓани до домашните земјоделски производи“, истакна тој.
Кампањата „Македонско најдобро“ ќе продолжи, не запираме тука.