Македонија МЗШВ

Трипуновски: Политиките ги креираме заедно со земјоделците, кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, стартува од општина Босилово

Ресорот земјоделство неминовно мора да има постојана и директна комуникација со земјоделците. Тоа значи разговор за актуелните состојби и реалните предизвици со кои тие се соочуваат“, истакна министерот.

Трипуновски: Политиките ги креираме заедно со земјоделците, кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, стартува од општина Босилово

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во гостувањето во Дневникот на Алсат Телевизија говореше за кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, нагласувајќи дека директната комуникација со земјоделците е од големо значење.

„Ресорот земјоделство неминовно мора да има постојана и директна комуникација со земјоделците. Тоа значи разговор за актуелните состојби и реалните предизвици со кои тие се соочуваат“, истакна министерот.

„Министерството не може да се затвори во канцеларии и само да креира политики. Напротив, преку непосреден дијалог ќе дадеме отчет за сработеното, ќе ги појасниме актуелните мерки, како што е Програмата за финансиска поддршка во земјоделството, но и ќе ги сослушаме земјоделците“, додаде тој.

Во рамки на кампањата се формирани два големи тима кои ќе посетат над 30 општини, како и шест помали тимови кои ќе опфатат повеќе од 120 населени места. Еден од тие тимови ќе го предводи и самиот министер.

Кампањата започнува утре со првата трибина во општина Босилово, со почеток во 18:00 часот, во Домот на културата.

Најнови вести од Македонија

Теми на денот

To top