Македонија

Трипуновски од струмичко: Пиперката се откупува непречено, имаме зголемување на субвенциите за 2025 година

Трипуновски потенцираше дека во текот на вчерашниот ден исплатено се над 259 милиони денари кон 4.143 земјоделци.

Трипуновски од струмичко: Пиперката се откупува непречено, имаме зголемување на субвенциите за 2025 година

Сега сум во струмичко за да извршам увид во текот и откупот на пиперката. Првичните информации од Државниот земјоделски инспекторат се дека откупот оди во нормален тек, имаме добар род на пиперка, а квалитетот е солиден”, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски кој е на терен во гевгелиски и струмички регион.

Трипуновски потенцираше дека во текот на вчерашниот ден исплатено се над 259 милиони денари кон 4.143 земјоделци.

„За потсетување, во текот на вчерашниот ден исплативме по подмерката 1.7 по 3 денари по килограм за сите градинарски култури предадени во преработувачки капацитети. Односно исплативме над 259 милиони денари кон 4.143 земјоделци”, истакна министерот и додаде:

„Заложбата на Владата и премиерот Христијан Мицкоски во делот на земјоделството и градинарството е тоа што во Програмата за 2025 година имаме зголемување на субвенцијата по килограм предадена пиперка, од 3 денари на 4 денари за периодот август – октомври. И за останатиот период од 5 на 6 денари по килограм”.

To top