Николовски повторно лаже, тој дал негативно мислење на Владина седница и предлага на Собранието да не го донесе законот за отизот да биде стратешка култура, вели дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.
-Во самото мислење се вели, цитирам: „Треба да се има предвид дека предложениот закон ќе предизвика фискални импликации, односно ќе бидат потребни финансиски средства за набавка на оризот, како и за чување и обновување, кои Агенцијата за стокови резерви ги нема обезбедено со тековните програми, што што Владата на Република Македонија му предлага на Собранието да не го донесе законот.“
Дополнително:
1. Не е сменета среднорочната програма за стоковни резерви.
2. Не е сменета “Уредбата за начинот за утврдување на максималните количини и вредности на загубите во поглед на хемиските и физичките својства на стоката преку кало, растур, кршење, расипување и евапорација во работењето со стоковните резерви”.
3. Не е сменета “Уредбата за утврдување на висината на надоместокот на трошоци на складиштарите за складирање, чување и обновување на стоковните резерви”.
4. Повторно нема предвидено средства и не е планирана набавка на оризова арпа во 2024 во годишниот план на АСР.
БЕЗ ОВИЕ ИЗМЕНИ И СРЕДСТВА СЕ Е ПРЕДИЗБОРЕН ПОПУЛИЗАМ‼️, додава Трипуновски.