Македонија мзшв

Трипуновски на средба со менаџментите на Винските визби и откупувачите

Трипуновски на средба со менаџментите на Винските визби и откупувачите

Денеска по објавување на пресметката за производна цена за килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година Смедеревка и Вранец, изработена од страна на Земјоделскиот институт – Скопје, зголемена за 25% согласно Законот за вино, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја објави производната цена.

Производната цена на килограм грозје Вранец зголемена за 25% ќе изнесува 20,8 денари, додека производната цена на килограм грозје Смедеревка зголемена за 25% ќе изнесува 18,3 денари.

Поради тоа во тек е средба помеѓу министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски и менаџментите на Винските визби и откупувачите на грозје.

Тема на разговор на денешната средба е квалитетот, производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година и откупот.

По завршување на средбата дополнително ќе ве информираме со повеќе детали, велат од МЗШВ.

To top