Македонија

Трипуновски: Филипче грубо ја дезинформира јавноста, дали воопшто знае кои закони ги имаат донесено како влада и која штета ја имаат направено врз земјоделците

Венко Филипче грубо ја дезинформира јавноста. Филипче дали воопшто знае кои закони ги имаат донесено како влада и која штета ја имаат направено врз земјоделците?, реагира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Трипуновски: Филипче грубо ја дезинформира јавноста, дали воопшто знае кои закони ги имаат донесено како влада и која штета ја имаат направено врз земјоделците

Венко Филипче грубо ја дезинформира јавноста. Филипче дали воопшто знае кои закони ги имаат донесено како влада и која штета ја имаат направено врз земјоделците?, реагира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Да го потсетам Филипче дека одредбата од Законот за вино, која дозволува кратење од 8% од цената на грозјето од страна на винариите, е донесена токму во времето на СДС и неговата влада.

Ако Филипче не знае, лозарите многу добро ги паметат и откупните цени на грозје во време на СДС. Токму во време на СДС се истураше грозје пред винариите.

Главното прашање е зошто иако Филипче имаа 7 години власт не донесоа повисока заштитна цена за лозарите? Како се сети на нив по само една година опозиција тазе вратен од крстарење по Егејското море?

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Но она што го направивме за земјоделците е многу повеќе од сите години владеење на Венко Филипче.

Ние за овој краток период исплативме над 11 милијарди денари за заостанати и тековни обврски кон земјоделците. Исплатата на субвенциите веќе тече тековно, а тоа беше мисловна именка во времето на СДС.

Објавивме јавен повик за инвестиции во опрема за производство на вино, алкохолни пијалоци и пиво од мал обем.

Подготвуваме закон за жестоки пијалоци.

Утврдивме највисока откупна цена за двете најзастапени вински сорти на грозје Вранец и Смедеревка.

За потсетување една од првите подзаконски акти која што беше донесена е Методологијата и истата беше објавена во сл. Весник бр. 146/2024 од 12.07.2024.

Ги оспособивме и системите за наводнување кои што поради негрижата на СДС беа нефункционални.

Земјоделството е приоритет на Владата. Земјоделците сега имаат вистински партнер.

Двете лица на Филипче. Кога ветува како опозиција и кога трупа богатство како власт, за потоа да ужива на јахти како опозиција додека ветува сè и сешто. Ова е истата приказна – лажна, лицемерна, која ви ветуваше живот, чиј дел беше Филипче со неговиот ментор, а донесе пустош, криминал и предавства.

Народот нема да наседне вторпат на истите актери со истата измама.

СДС очигледно не се менува. Останува заглавен во минатото, надевајќи се дека народот има кратко помнење и ќе им ги заборави злоделата.

Филипче, Македонија памети и нема да ви заборави, пишува во својата реакција Трипуновски.

Најнови вести од Македонија

To top