-Скопје, 27.11.2023, 10:00–17:00,
Hotel DoubleTree by Hilton Skopje, Бул. „АСНОМ“ 17
-Прилеп, 28. 11. 2023, 10:00–17:00,
Центар за култура „Марко Цепенков“, Бул. „Гоце Делчев“ бр. 18
-Битола, 29. 11. 2023, 10:00–17:00,
Културен и информативен центар, Офицерски дом, Широк Сокак 145.
На настаните ќе се претстават 30 истакнати словенечки работодавачи од цела Словенија, кои нудат добри и стимулативни услови за работа и живот и заедно вработуваат повеќе од 20.000 работници. Најголем дел од нив се од здравствената и социјалната заштита и градежната индустрија, а ќе присуствуваат и работодавачи од области како: производство, транспорт и складирање, технички дејности, угостителство и други.
Настаните за вработување имаат за цел:
– претставување на тековните потреби на истакнатите словенечки работодавци, кои се соочуваат со значителен недостиг на кадар;
– презентација на потребните професии кои се неопходни за реализација на санациските работи по катастрофалните августовски поплави и свлечишта во Словенија и во кои може да се вработат странски работници;
– обезбедување веродостојни информации за условите за живот и работа во нашата држава со цел да се обезбеди соодветна заштита на работниците дел од работната миграција, во што е можно поголема мера.
Во првите десет месеци од годинава, во Словенија се издадени 3.688 согласности за единечна дозвола за престој и работа за државјани на Р. Северна Македонија, што е за 40,3% повеќе од истиот период лани.
Заводот за вработување на Република Словенија, на овие настани ќе обезбеди индивидуално кариерно советување за сите баратели на работа.
Во 12:00 и во 15:00 часот организираме и специјални презентации за животот и работата во Словенија, каде ќе може да се добијат одговори на прашања поврзани со образовниот систем, признавањето на професионалните квалификации, регулирањето на условите за живот итн.
Комерцијална објава