Дали Венко Филипче уценувал студентки како професор барајќи неморални услуги за оценки-Можеби за ова има докази, а можеби и не. Вака отприлика звучат обвинувањата на СДС кои секојдневно ги адресираат, без докази, без аргументи и само со расфрлање на пердуви, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на пре конференцијата на СДСМ.
Ниската комуникација без аргументи единствено е својствена за Зоран Заев за кои е само непознато дали им ги праќа напишаните соопштенија на маил или од Струмица ги испраќа со автомобил на USB до Бихаќка. Многу „јаката афера“ на СДС заврши со јавно објавување на некаков телефонски број и тоа им е главниот доказ, што е голема срамота. Ги молиме за поголема сериозност и концентрација.
Трговецот од Горни Милановац нема да ја направи победничка партијата со тоа што ќе измислува и креира клевети. Очигледно СДС не научи ниту една лекција од поразот, туку Филипче реши да оди во длабокото, каде ќе се удави.
Наместо на лажливи прес-конференции тие треба да одат на обвинителна клупа. Љупчо Коцевски нема вечно да ги штити и Заев и Филипче. Ќе има одговорност за ова, се вели во реакцијата на владејачката партија.