Македонија Се превземаат мерки

Тргнато македонското знаме од Кораб: Познат идентитетот на мажот кој постави албанско знаме, се огласија од МВР

-Драги пријатели, дојдов денеска со група гости и го најдов македонското знаме. Тоа не им припаѓа на албанските територии. Тука само албанско знаме, нема место за македонското. Албанија, извикува тој.

Тргнато македонското знаме од Кораб: Познат идентитетот на мажот кој постави албанско знаме, се огласија од МВР

Денес албанскиот државјанин, Изет Шулку, сопственик на ресторан, го тргнал македонското знаме од врвот Голем Кораб и поставил албанско, јави ТВ 21.

Во објавеното видео на неговиот Фејсбук профил, тој вели дека „македонското знаме не припаѓа на албанските територии, тука само албанското знаме“ и на крај силно извикува Албанија.

На Кораб тој е со гости кои престојувале во неговиот угостителски објект, меѓу нив и странци, што се слуша од комуникацијата на англиски со друго лице исто така Албанец.

-Драги пријатели, дојдов денеска со група гости и го најдов македонското знаме. Тоа не им припаѓа на албанските територии. Тука само албанско знаме, нема место за македонското. Албанија, извикува тој.

Се огласи Министерството за внатрешни работи.

„Во врска со видеото објавено на социјалните мрежи каде од страна на едно лице на Кораб е симнато македонското знаме и е поставено знаме на Република Албанија, Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени мерки од страна на Одделот за компјутерски криминал утврдено е дека се работи за лице кое не е државјанин на РСМ. Се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“ – велат од МВР.

To top