Македонија заеднички иницијативи

Трајков на работна средба со црногорскиот министер за правда

На средбата се дискутираше за можностите за продлабочување на билатералната соработка преку заеднички иницијативи за реализација на проекти.

Трајков на работна средба со црногорскиот министер за правда

Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков денеска, во просториите на Министерството за правда, оствари работна средба со министерот за правда на Црна Гора, Бојан Божовиќ.

На средбата се дискутираше за можностите за продлабочување на билатералната соработка преку заеднички иницијативи за реализација на проекти.

На средбата се разговараше и за евроинтеграциските процеси на земјите од Западен Балкан, размена на искуства во однос на европските регулативи како и искуството на Црна Гора во отворањето на поглавјата 23 и 24 кои се однесуваат на правосудството и борбата против корупцијата со што Црна Гора има значителен напредок во овие области.

Најнови вести од Македонија

To top