Македонија

Тошковски: Земјите членки на ЕУ изразуваат разбирање за прашањето со македонските патни исправи

Тошковски: Земјите членки на ЕУ изразуваат разбирање за прашањето со македонските патни исправи

Комитетот за патни исправи на Европската комисија ќе покаже разбирање за проблемот со патните исправи за македонските граѓани во рамки на Европската унија. Ова денеска го изјави техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски во утринската емисија „Ја сакам Македонија“ на ТВ Сител, повикувајќи ги повторно пратениците во Собранието на Република Северна Македонија да покажат разумност и разбирање за нашите граѓани и да ги изгласаат измените на Законот за патни исправи.

„Денеска добив писмена информација дека Комитетот за патни исправи на Европската комисија одржал состанок. Ова ми беше најавено и од амбасадор на Белгија. Според оваа информација земјите од Европска унија ќе имаат разбирање за проблемот и ќе бидат максимално коректни и воздржани во однос на нашите граѓани. Ова се однесува на нашите граѓани кои се надвор од Македонија, на пример во Германија имаме 70.000 македонски државјани кои имаат стари патни исправи. Тие без проблем ќе може да отидат во Унгарија и Чешка, ама нема да можат да излезат од Македонија ако дојдат дома. Европскиот комитет дава мислење до земјите да имаат разбирање. А ние што правиме, само Македонија, освен Грција, го крши основно човеково право на слобода и движење, заради тоа што пратениците од владеачката структура од СДСМ и ДУИ не сакаат да стиснат едно копче“, потенцираше Тошковски.

Најнови вести од Македонија

To top