Македонија Манипулации на ДУИ

Тошковски за „интерпелацијата“ на ДУИ: Низок обид за манипулација на јавноста

„Сметам дека македонскиот граѓанин и македонскиот народ, многи добро знае што стои зад оваа интерпелација од аспект на нивно барање. Нека им е со среќа! Ќе си постапи Собранието во насока на она што смета. Јас искрено сметам дека ова е еден низок обид за манипулација на јавноста! потенцира министерот.

Тошковски за „интерпелацијата“ на ДУИ: Низок обид за манипулација на јавноста

„Низок обид за манипулација на јавноста“, ова е директниот одговор на министерот за внатрешни работи Министерот Панче Тошковски на прозивките на ДУИ и барањето за интерпелација по инцидентите на 28 ноември, на денот на албанското знаме.

Тошковски одговарајќи на новинарски прашања каде беше прашан за иницијативата на ДУИ за негова интерпелација во парламентот.

„Тезите кои што се поставуваа во изминатиот период од страна на опозицијата, особено од страна на ДУИ особено се сами по себе контрадикторни. Така да сметам дека македонскиот граѓанин и македонскиот народ, многи добро знае што стои зад оваа интерпелација од аспект на нивно барање. Нека им е со среќа! Ќе си постапи Собранието во насока на она што смета. Јас искрено сметам дека ова е еден низок обид за манипулација на јавноста!“ потенцира министерот.

Изјавите следуваа по работната посета и средба со Ненад Нешиќ, министер за безбедност на Босна и Херцеговина, со кого министерот Тошковки одржа заедничка прес конференција.

Најнови вести од Македонија

To top