Македонија работен состанок

Тошковски во посета на СВР Тетово

Од страна на раководството на СВР Тетово беа презентирани информации за тековната работа на секторот и позначајните настани при што беше истакнато дека генерално безбедносната состојба на подрачјето кое го покрива секторот е стабилна.

Тошковски во посета на СВР Тетово

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети Секторот за внатрешни работи Тетово каде одржа работен состанок со раководството.

На состанокот министерот Тошковски побара од раководството на СВР Тетово во претстојниот период да се постапува максимално професионално, во рамки на утврдените правила и законски прописи се со цел да се овозможи спроведување на мирни и демократски избори во кои секој граѓанин слободно ќе може да го оствари своето право.

Од страна на раководството на СВР Тетово беа презентирани информации за тековната работа на секторот и позначајните настани при што беше истакнато дека генерално безбедносната состојба на подрачјето кое го покрива секторот е стабилна.

-Исто така, во однос на изборите кои што следуваат началникот на СВР Тетово истакна дека не треба воопшто да се доведува во прашање професионалноста на полициските службеници и дека ќе преземе се што е во негова надлежност со цел изборниот процес да помине во мирна и демократска атмосфера, информира МВР.

Најнови вести од Македонија

Теми на денот

To top