Mинистерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска на прес-конференција изјави дека со над 10 лица се извршени разговори, а за 4 лица е распишана потерница. Тошковски не даде повеќе детали за избеганите кои ќе ги бараат со потерница.
Извршен е разговор со еден член на ДНК, а ќе разговараат и со оние повредени кои се во стабилна состојба. Се проверува и документацијата за дискотеката. Загинал и полицаец од Пробиштип. Додаде дека тој загинал при контрола за дрога. Контролирани биле повеќе локали во земјава.
„Секој што бил барем два дена на функција во оваа држава треба да чувствува морална одговорност“, рече Тошковски.
Тошковски рече дека мора да внимава да не ја загрози истрагата.
Триесет и пет од загинатите лица се идентификувани, од нив 31 се од Кочани, а 4 од Штип. Повредени се 155 лица кои се распоредени низ болниците во земјава. Бројот на загинати се искачи на 59.